Првото целосно електрично возило на Hyundai е на врвот на листата на 66.650 возила од проучувањето Sust-It, независен веб-сајт кој со неговите анализи им помага на потрошувачите да ги купат најдобрите производи соодветно нивниот буџет. Со енергетски рејтинг од 47,38 грама за килограм, IONIQ Electric, кој има опсег од 280 километри, има цена од 0,02 евра за километар, или 385,49 евра во текот на една година.
Од Sust-It ја оценуваат енергетската ефикасност на илјадници производи, од компјутери и лаптопи до машини за миење садови и фрижидери до автомобили. За секое електрично возило и ги пресметуваат трошоците преку количината на енергија што ја користат, колку CO2 произведуваат за 19.000 километри – просечната дистанца за едно возило годишно. За електричните возила како што е IONIQ Electric, ги земаат во предвид емисиите на јаглерод диоксид произведени за генерирање на електричната енергија што се користи за време на полнењето.
Една од главните причини зошто IONIQ Electric е толку енергетски ефикасен е дизајнот, т.е надворешните панели се дизајнирани да продолжат да ја зголемуваат аеродинамиката, која, кога е во комбинација со разни други решенија за ефикасно решение, произведува водечка класа на вредност на коефициентот на влечење од само 0,24. Дифузерот и задниот спојлер на IONIQ Electric генерираат сила за подобра оптимизација при поголеми брзини, истовремено минимизирајќи го ефектот на повлекување. Покривната линија се спојува беспрекорно во задниот спојлер, додека тенките контури на ретровизорите помагаат на протокот на воздух и ја минимизираат бучавата од ветерот, создавајќи форма која е спортска и аеродинамички ефикасна.
Откако IONIQ влезе на пазарот кон крајот на 2016 година, Hyundai има продадено повеќе од 28.000 автомобили низ цела Европа. Со максимални пет ѕвездички Euro NCAP сигурносен рејтинг и неколку европски награди за својот дизајн и севкупните перформанси, IONIQ е еден од најквалитетните еко-автомобили на пазарот.
#elink #electriccars #electricvehicles #chargers #battery #chargerspoints #IONIQ #EuroNCAP #Hyundai #SustIt