Volkswagen Beetle ЕВ како електричен автомобил?

Последната Volkswagen Beetle е само втора модерна генерација на моделот која всушност е базирана на платформата на стариот Голф 6. Германскиот производител веќе работи на Golf 8, но тоа не значи дека симпатична Буба ќе добие наследник во скоро време.
Меѓутоа, ако и кога тоа ќе се случи, може да биде револуција.
Според новиот извештај од Autocar, Volkswagen размислува за електричен Beetle, но со четири врати. Информациите се засноваат на неодамнешните коментари од шефот на VW, Херберт Диес и дизајн шефот на брендот, Клаус Бишоф, кои невестија дека ЕВ Буба ќе се произведе, но не пред да се појават уште неколку позначајни електрични возила од Фолксваген.
Британското списание тврди дека Бишоф веќе скицирал можен изглед за наследникот на Beetle со четири врати, но на автомобилот ќе му бидат потребни помеѓу две и три години за да се донесе конечна одлука за неговото производство. Пред тоа, Фолксваген ќе остане фокусиран на промоција на серија електрични возила.
Ако добие зелено светло, моделот ќе се базира на паметната MEB платформа за електрични возила. Оваа архитектура ќе донесе предности на каросеријата, што ќе му овозможи на Фолксваген да ја задржи иконата на Буба, но да ја комбинира со многу повеќе внатрешен простор и удобност.

#elink  #electriccars #electricvehicles #chargers #battery #chargerspoints #Volkswagen #Beetle

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *